Свет

Лидерот на Хамас денеска на средба со ирански претставници

Хамас: Поради бомбардирањето изгубивме контакт со одговорните за 5 израелски заложници

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије денеска во Техеран ќе се сретне со ирански претставници, во втора посета на Иран од 7 октомври кога почна војната во Појасот Газа.

Оваа посета се случува еден ден по усвојувањето на резолуцијата за прекин на огнот со Израел во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), пренесува Ројтерс.

Во војната со Израел, Хамас доби поддршка од Иран, чиј министер за надворешни работи Насер Канани ја нарече резолуцијата на СОН „позитивен чекор“.

„Уште поважен чекор е ефективна акција за нејзино спроведување“, додаде Канани.

Хамас ја поздрави резолуцијата и нагласи дека прекинот на огнот треба да биде траен. На 25 март, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и итно и безусловно ослободување на сите заложници.

Во резолуцијата се нагласува и итната потреба за зголемување на протокот на хуманитарна помош и интензивирање на заштитата на цивилите низ Појасот Газа.

На почеток