Македонија

„Бел ден не видов“ – Ангелов се пакува од ЦУК, Џафери му јавил дека ќе покрене разрешување

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување на кризи, ќе биде тема на денешната владина седница, каде ќе се дискутира за негово разрешување. Ова доаѓа откако „Достоинство“ се реши да ја напушти коалицијата со СДСМ и да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„Како премиер неспорно е дека тој има право да предлага именување и разрешување на функционери. Конечната одлука ја носи Владата. За да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршката треба да дадат министрите сосе вицепремиерите на СДСМ. Во спротивно нема да има мое разрешување“, кажа Ангелов.

Генералниот секретар Миле Зеќевиќ прв знаел дека Ангелов излегува од коалицијата со СДСМ, а дури потоа претседателот Димитар Ковачевски.

„Тие сметаа дека без разлика на политичка одлука на Достоинство, треба да останам на позицијата (во ЦУК)“, додаде Ангелов.

Тој кажа дека вчера попладнето, Талат Џафери му се јавил на телефон и му кажал дека ќе следува негово разрешување.

„Тоа го прифаќам како нормално“, кажа Ангелов.

Прашан како поминал при директурувањето во ЦУК тој рече: „Бел ден не видов“, оти баш кога требало да одмара, се случувале најголемите несреќи.

„Тогаш баш се случуваа најголемите несреќи“, потенцираше тој.

На почеток