Коментари

Државава дозволува неконтролирано лешинарење на странски билници со медицински туризам во земјава, алармира Лазаров

Докторот Ненад Лазаров објави дека Македонија дозволува медицински туризам во земјава. Тој посочува дека добиле три различни профактури со големи разлики во цена од иста болница, за ист пациент.

„Ова ќе си дозволам еднаш да го напишам, зошто ми тежи. Со цела должна почит, НО, државава дозволува неконтролирано ЛЕШИНАРЕЊЕ на странски болници со медицински туризам овде во земјава! Јас сум шокиран, за да се увериме дека е така, побаравме и добивме три различни профактури со разлики од по 30% од една иста странска болница за еден ист пациент, само различни неповрзани баратели“, напиша Лазаров.

Тој посочува дека дека платформата „ECrowd.mk“ е достапна за да заштити и помогне.

„Ви тврдам и ветувам дека ќе им направиме дампинг на цените, само дозволете ни да ве заштитиме од разноразни “агенти”, на пример утрово за еден наш штитеник добивме 15.000 евра попуст со само неколку телефони свртени!“, додаде тој.

Ги повика родителите на децата кои имаат било каква патологија, да им се обратат и да се консултираат за третмани.

На почеток