(Видео) За спотот на СДСМ: „Кога партија која владеела осум години прави вакви видеа, значи мора да прикрие голем дел од реалноста на граѓаните
Од
Објавено на
Сптот на СДСМ на кои прикажуваат изградба на улици и патишта, беше повод за коментар од професорката Мирјана Најчевска. Според нејзе, ваквата пропаганда е за да се сокрие реалноста во која живеат граѓаните на Македонија.
„Кога некоја партија која била на власт 8 години прави вакви пропагандни видеа, значи дека мора да прикрие голем дел од реалноста во која живеат граѓаните.
Граѓаните на Македонија треба и можат да имаат добар живот, европски вредности, демократски институции и владеење на правото соодветни на 21 век сега, а не да веруваат во некоја европска иднина“, напиша Најчевска.