Коментари

(Фото) Распарчување: Пациент со количка не може да влезе на Токсикологија, изгледа не постоиме за нив, ами да си ги „мериме“ кој е поважен, реагира вработена

Лаборант од Универзитетската клиника на Токсикологија, објави фотографија од паркирани возила пред влезот на болницата. Напоменува дека пациент со количка не може да влезе.

„Мене ми ја изгребаа колата вчера на паркингот на ГАК, ама колава на г-ѓава или г-динот пред Токсико не можат да ја изгребаат. Тоа што не може да влезе пациент со количка на Токсико е друг муабет. Изгледа веќе и не постоиме за да пружаме здравствени услуги на пациентите, ами да си ги “мериме” кој е поважен во установата. Оваа кола богами и те како мисли дека е важна“, напиша таа.

На ова се надоврза и проф. д-р Нико Беќаровски.

„Човек ќе отпатува на само 3-4 дена од работното место и веднаш некој нов бисер. Од Универзитетска клиника со повеќедецениско реноме, само за 60 дена успеавме да станеме “установа за забава на народните маси”. ПРИСТАПОВ Е ИСКЛУЧИВО НАМЕНЕТ ЗА КОЛИ НА БРЗА ПОМОШ И ЛИЦА КОИ СЕ ТРАНСПОРТИРААТ СО КОЛИЧКИ. Верувајте на Нас вработените воопшто не ни е до смеење. За огромна жал и неверување колата е сопственост на член на Раководството од Клиниката“, напиша Беќаровски.

На почеток