Свет

Потрагата по лицата кои паднаа во ледената река во Балтимор по уривањето на мостот е прекината, се претпоставува дека се мртви

Се урна мост во Индија, загинаа 17 работници

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.

„Не веруваме дека ќе ги најдеме овие лица живи“, изјави во вторникот вечерта, службеничката на крајбрежната стража Шенон Гилрет, пренесува Voice of America.

Несреќата се случила кога мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор се урна откако товарен брод удрил во едно од неговите столбови.

Шефот на противпожарната служба во Балтимор, Џејмс Валас, во вторникот изјави дека две лица се спасени од реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Во вторникот беше објавено и дека контејнерскиот брод „Дали“, кој удри во мостот, исто така бил вклучен во инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.

На почеток