Израел го нападна јужен Либан: Најмалку седум мртви
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Израелската армија испраќа резервисти во градовите на границата со Либан](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/10/Израелската-армија-испраќа-резервисти-во-градовите-на-границата-со-Либан.jpg)
Најмалку седум лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз градот Набатиех, во јужен Либан, изјавија безбедносни извори за Ројтерс.
Се претпоставува дека цел на нападот биле засолништата на исламистите во селото Хебарије, пренесува Ројтерс.
Во вторникот, тројца милитанти на Хезболах беа убиени во израелски воздушен напад во близина на два града во североисточниот дел на Либан, објави групата на платформата Телеграм.
Израел го потврди нападот.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)