Автобус се преврте на автопат, најмалку 5 лица загинаа


Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица, а други патници тешко беа повредени.
„Во несреќата загинаа пет лица“, потврди портпаролот на полицијата Олаф Хоуп за германски БИЛД, додека идентитетот на жртвите не е откриен.
Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се полицијата и истражителите, како и екипи на итната помош. Спасувачите соопштија дека над местото на несреќата дежураат пет хеликоптери.
Возилото на компанијата „Фликсбус“ се движело кон Минхен меѓу Видемар и Шкројдичер Кројс кога излетало од патот и се превртело околу 9 часот и 45 минути, а причината за несреќата се уште не е позната.
Ова не е прва несреќа на „Фликсбус“ на оваа делница од автопатот. Во мај 2019 година, слична несреќа се случи само околу 15 километри јужно на А9. Една жена тогаш беше убиена, а повеќе од 70 беа повредени, од кои некои потешко, пишува БИЛД.
