Македонија

(Видео) Завршени претресите и уапсени лица за убиството на докторот во Железара – мотивот не е неговата професија

Две лица се приведени, а полицијата врши претреси во врска со убиството на матичниот лекар Ацо Трповски, преземени се 20 истражни дејствија, прегледани над 50 камери со видео записи за 7 дена во овој предмет – открива техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во првата епизода на „Претрес со Ландов“.

„Во овој момент се постапува по наредба од судија во претходна постапка и се врши претрес на одредена локација. Има осомничени за предметниот кривичен настан. Има материјални докази кои не водат до овие дејствија. Две лица се приведени и се надевам дека наскоро ќе можеме да излеземе со конкретни информации. Се надевам дека во текот на утрешниот ден јавноста ќе биде известена за овој случај, преземени дејствија на МВР како и од јавниот обвинител“ – рече Тошковски.

„Мотивот со убиството не е поврзан со професијата која што ја објавувал сега убиениот“ рече Тошковски.

На 21.03.2024 во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.

Следете го Претресот на Панче Тошковски во живо:

На почеток