Македонија

(Видео) Мицкоски: Не очекувам Ковачевски да извее бело знаме, ама лицитираат дали ќе има разлика од 30 пратеници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека и во СДСМ знаат дека ќе претрпат огромен пораз. Според неговите информации во штабот се лицитира и со бројки за тоа колку пратеници ќе изгубат.

„Нормално е дека Ковачевски ќе се обиде да го мобилизира своето членство, коалицијата која застана зад Ковачевски и СДСМ. Не очекувам да извее бело знаме и да каже завршена е работата, се предаваме. Тие лицитираат со бројки во партијата, за тоа колкав ќе биде поразот, дали со 30 пратеника разлика или друго“, рече Мицкоски.

Тие имаат друга цел, да ја презентираат програмата, кажа Мицкоски.

„Седењето дома е глас за овие што седум години ништо не направија, напротив, ја однесоа Македонија назад. Ние сме фокусирани на позитивна кампања, а власта на негативна кампања. Тоа е дел од одлуките за тоа каква политика ќе води СДСМ. Сакаме да излеземе кон граѓаните со програма. Нема да биде ништо ново ако кажеме дека тие не чинат, тоа го чувствуваат 80 отсто од граѓаните“, додаде Мицкоски.

Тој посочи дека сакаат да ја вратат надежта кај граѓаните.

На почеток