Свет

Нема шанси малата Данка Илиќ сама да излегла од дворот и да исчезнала, смета српски безбедносен епскерт

Безбедносните експерти сметаат дека нема шанси малата Данка Илиќ сама да излегла од дворот и да исчезнала. Соговорниците од безбедносниот сектор за српските медиуми велат и дека има нелогично однесување на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, со која Данка била во моментот на нејзиното исчезнување.

„Факт е дека дете помало од две години, во физичка смисла, не може да се движи далеку во рок од неколку минути. Друга нелогичност е што мајката го однела детето на место каде што одамна не била” ,изјави за ТВ Информер Радиша Рокшиќ, пензиониран шеф на БИА.

Тој се осврна и на фактот дека мајката не направила полиграфски тест.

„Хормоналниот статус на трудницата, психолошката состојба и се останато е всушност причината поради која мајката не го направила полиграфот. Полиграфот не е доказ на суд. Тоа е полициска алатка која служи за насочување на одредени полициски активности”, објасни Рокшиќ.

Директорот на Центарот за форензички истражувања Ненад Шипка тврди дека Данка не можела сама да го напушти дворот.

„Од популацијата на форензичарите, прво од што треба да се тргне е изјавата на самата мајка и конфигурацијата на теренот. Овде не може да стане збор дека детето само излегло од дворот. Сигурен сум дека полицијата работи во неколку правци и тоа е единствениот правилен метод. Сè уште останувам на ставот дека е невозможно двегодишно дете да исчезне од очите на мајката додека таа оди до автомобилот да земе вода за другото дете”, посочи Шипка.

Да потсетиме, малата Данка исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а потоа во Србија за прв пат беше пуштен во употреба системот „Пронајди ме”, српската верзија на „Амбер Алерт”.

Потрагата по девојчето влезе во седми ден, полицијата ги ангажираше сите расположливи капацитети и нема да запре со истрагата додека не се открие целосната вистина за овој случај.

Србин од Виена во меѓувреме испратил до полицијата и редакцијата на Информер видео кое е снимено во центарот на Виена, а на кое може да се види девојче кое многу  наликува на малата Данка во придружба на две Романки.

На почеток