Свет

Хорор во Албанија: Хрватка загинала на најопасниот врв, спасени планинари од Србија

Албанската планинска спасувачка служба соопшти дека вчера на планината Језерски врв загинала хрватска државјанка. Според албанската ГСС, во акцијата биле спасени седум планинари – четворица од Хрватска и тројца од Србија.

Како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, починала хрватската државјанка (43) од Осиек која паднала од карпа. Акцијата за спасување ја извршил хеликоптер на Министерството за одбрана, а во се учествувала и полицијата.

Екипата за пребарување и спасување овозможила извлекување на безживотното тело и транспортирање до мртовечницата со хеликоптер. Како што се наведува во соопштението, акцијата за спасување продолжува, а спасувачите ги извлекуваат останатите туристи од местото на несреќата.

На почеток