Македонија

„Се молам секој ден да се појави Самоил, совеста ми е чиста“ – обвинетиот за грабувањето на Самоил се произнесе пред судот

Обвинетиот Виктор Милановски, кој се гони за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, пред судот побара да биде ослободен бидејќи според него Обвинителството направило голема неправда и потенцираше дека тој не направил ништо лошо. Побара од Кривичен суд да не му суди под политичко влијание.

„Самоил беше мој другар и пријател, се дружевме сум бил кај него дома. Такви другари можам да избројам на една рака. Ситуацијата ме погоди многу пред се тоа што се води како исчезнат и лошиот однос на неговото семејство кон мене и моите блиски и обидот на татко му да ме претстави како најголем криминалец, а и тој самиот има лежерно затвор 12 години во Германија за продажба на хероин“, рече Милановски.

Тој зборуваше и за односот кон неговата фамилија: „Односот беше катастрофален, тие преживеа огромен стрес поради ништо, претреси беа извршени кај сите мои блиски и ништо нелегално не беше пронајдено кај никој од нив. Се молам секој ден да се појави Самоил, сакам да ви кажам дека сум многу свесен дека целата ситуација, дека целта е под политички притисок да бидам осуден јас односно да се заврши предметот – а тоа го потврди и таткото на Самоил кога потенцираше дека се јавувал кај министерот за внатрешни работи Бошковски и други влијателни луѓе. Јас не се јавив никаде ниту имам каде, мојата совест е чиста и ќе дојде вистината на виделина а тоа е дека јас не сум виновен за делото кое се товарам“.

На почеток