Македонија

Тошковски застана зад Обвинителството и го нападна Бојмацалиев поради деталите за убиството: Непрофесионална и несериозна изјава

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека изјавата на неговиот заменик Митко Бојмацалиев, за убиството во Железара – е непрофесионална. Според Бојмацалиев, лекарот не бил убиен во автомобилот, туку таму бил донесен.

„Во целост ќе го поддржам апелот на Јавното обвинителство, дека од страна било која институција која е вклучена во расветлување на овој случај, да не навлегува во детали, кои можат да ја загрозат кривичната истрага. Нерсериозни и непрофесионални изјави, ако е така како што велите, тогаш можам да кажам дека тие се такви. Не би можел да навлегувам во детали во однос на дејствијата кои ги презема МВР за ова“, рече Тошковски.

Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот.

На почеток