Актуелно

Стојанче Ангелов: Јас сум репрезент на македонските бранители, нема втор како мене

„ Јас сум најпрепознатлив по македонските бранители, кои што проблеми се обидувам да ги решам сите овие години но воедно се борам и за нивните права. Јас сум репрезент на македонските бранители, би рекол единствен. Со сета почит кон другите здруженија, бидејќи има и други здруженија, не се познати во јавноста. Едноставно се нема профилирано втор човек кој би бил доминантен на темата „2001“ и бранителите. Кога би имало уште неколку луѓе како мене, мене би ми било многу полесна мојата должност, бидејќи чуствувам должност кон луѓето кои што храбро се бореа, беа подготвени да заминат бранејќи ја татковината но кон и нивните семејствата, како и кон семејствата на оние кои што ги дадоа своите животи во 2001 година“ рече Стојанче Ангелов во поткастот „Претрес“.

Ангелов говореше и за почетоците на „Достоинство“, здружението од 2007 година, партијата датира од 2011 година.

„Претресот на Стојанче Ангелов“ гледајте го во живо:

 

 

На почеток