Македонија

Тргнаа партиските карвани со ветувања за претседателските избори

На полноќ започна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Кампањата ќе трае до полноќ на 22 април.

На првиот ден од кампањата некои од кандидтите најавија промовирање и презентирање на изборната програма и отворање на изборни штабови.

Кампањата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова почнува со митинг пред зградата на Владата.

Стево Пендаровски почнува од Прилеп. Во центарот на Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб Пендаровски, а потоа оди во Кривогаштани и Крушево.

Билјана Ванковска, кандидат на Левица ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција. Во Струмица Ванковска ќе се обрати во Домот на културата „Антон Панов“.

Кандидатот за претседател предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања ќе ја почне со прес-конференција во 11 часот пред претседателската вила на Водно.

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево каде во 13 часот каде ќе ја презентира програмата.

На почеток