Свет

Седми ден од потрагата по телото на убиената Данка Илиќ

Седми ден од апсењето на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, но потрагата по телото на девојчето се уште трае. Припадници на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор вршат увид во околината на куќата на Д.Д., осомничениот за убиството на малата Данка.

Во вторникот припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Бор и белградската УКП заедно со противпожарно возило со специјална опрема за пребарување на терен пристигнале во селото Злот во околината на куќата на Д.Д., осомничениот во убиство на двегодишната Данка Илиќ.

Во понеделникот беше претресен вториот дел од Кањонот Лазарев, откако полицијата заедно со спасувачката екипа и Планинарската спасувачка служба ги пребараа првите 3,5 километри. Се пребаруваше и јамата над кањонот длабока 70 метри.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март на семејниот имот.

По 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапси двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, кои се спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар.

Станува збор за работници од „Водовод“, на кои им е одреден притвор до 30 дена. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.

Обвинителството соопшти дека Д.Д. го признал делото, додека Ј.С. се бранел со молчење. Таткото и братот на еден од осомничените се уапсени под сомнение дека помогнале да се префрли телото на непозната локација. Во Полициското одделение Бор почина братот на осомничениот за убиството на Д.Д.

Во меѓувреме, директорот на ЈП „Водовод“ во Бор поднесе оставка од, како што наведе, морални причини.

Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе и предложи на Владата повторно да се воведе смртната казна за најтешките кривични дела.

На почеток