Тимот на Пендаровски: ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија
,,ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија. И тоа е добро бидејќи докажуваат дека многу бргу забораваат и што им ветуваат на граѓаните.
И како што вели една поговорка, пред вистината и Боговите молчат, еве ги фактите:
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, во својство на актуелен претседател на државата појде во Тетово уште следниот ден по трагичниот настан на 8 септември 2021 година. Од таму, тој на 9 септември изрази солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повика на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани. Изјавата на Пендаровски дадена во Тетово, до ден денеска може да се најде на јутјуб каналот. https://www.youtube.com/watch?v=mvZcJ4IWDyk
Малиот генијалец Македон Димитровски од Стево Пендаровски, како актуелен претседател, доби признание „Млад Талент“ и парична награда. Иако во категоријата „Млад талент“, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија.
Оттука, ги советуваме Дафина Стојаноска и Христијан Мицкоски, следниот пат кога без аргументи ќе се обидат да ја лажат јавноста, да потрошат барем пет минути и на интернет да пребараат за што се заложил и кому помогнал Стево Пендаровски како актуелен претседател.”, реагираа од тимот на Стево Пендаровски а изјавата на Дафина Стојаноска.