Македонија

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски како осми шпицен кандидат

Пендаровски не размислува  за нов мандат

,,Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија.

Токму затоа, прв предложив да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа.

Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати.”, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

На почеток