Македонија

Ахмети: На овие избори ќе излеземе со заеднички претседателски кандидат со СДСМ

Имавме значително содржински состанок со Заев. Разговаравме за настаните во нашата земја и регионот. Се разбира дека една од суштинските теми беа претседателските избори, изјави Али Ахмети по средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

„Направивме суштинска анализа имајки во предвид дека треба да воспоставиме стандард во нашата земја иако за тоа имаше обиди претходно, но беа неуспешни, за да дадеме здрава порака до нашите граѓани дека имаме доволно зрели политички партии и општество кои можат да донесат заеднички одлуки за претседател на државата. Се договоривме на овие избори да излеземе со заеднички кандидат за претседател на државата, и ова да стане стандард и во иднина.

Секако дека се разговара за имињата кои се спомнуваат во медиумите и во наредните денови ќе има состаноци за да се одлучи еден од нив. Ќе има состаноци и со другите политички партии за да и они се здружат со оваа добра иницијатива за нашата земја“, изјави Ахмети.

На почеток