Македонија

Да бидеме хумани – потребни се средства за хируршка интервенција на 4-годишната Сибора

Семејството на 4-годишната Сибора Малетај од Скопје, која боледува од канцер на глава со дијагноза (EWING SARCOM/PNET), со апел до сите хумани граѓани бара да се соберат средства за хируршка интервенција и лекување на малото девојче во Турција.

„Републичкиот фонд за здравство на Македонија не ни дозволува, односно не исплаќа парични средства за хируршка интервенција и лекување во странство“, велат од семејството и додаваат дека операцијата првично изнесува 35.000 евра и е последна надеж за оздравување на Сибора, објави република.

Над четиригодишното девојче досега се извршени две операции на канцер на глава. Првата во Македонија , а втората кон крајот на месец декември 2018 во Турција.
Сите хумани граѓани кои имаат броеви на „Македонски телеком“, може да донираат по 100 денари со повик на телефонскиот број 070/143-131.

На почеток