Српско МВР: Го бараме телото на Данка, потрагата е од селото Злот до Шумраковац
„Припадници на МВР, Службата за сузбивање криминал при Управата за криминалистичка полиција, заедно со колегите од Бор и полициски службеници од СВР Бор, интензивно работат на пронаоѓање на телото на двегодишното девојче Данка и утврдување сите факти и околности поврзани со овој случај“, велат од сропското Министерство за внатрешни работи.
„Покрај тоа, во потрагата од селото Злот до местото Шумраковац се вклучиле и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор Зоран Милијиќ.
Да потсетиме, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март, во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои интензивно работеа на детално пребарување на поширокиот и потесниот простор во овој дел од областа Бор“, додаваат тие.