Монструмот во Сиднеј избоде мајка и бебе, почина жената: Уште една жртва на брутален напад во трговскиот центар
Бројот на убиени во денешниот напад со нож во трговскиот центар „Вестфилд Бонди Џанкшн“ на истокот на Сиднеј се зголеми на седум, вклучувајќи го и напаѓачот, јавува репортерот на Танјуга од Сиднеј.
Мајката на малото дете кое беше тешко повредено заедно со уште седум лица во нападот, според извештајот, им подлегнала на повредите.
Напад со нож во трговскиот центар „Westfield Bondi Junction“ (Westfield Bondi Junction) на истокот на Сиднеј, се случил попладнево, а напаѓачот бил убиен од полицијата, изјави претставникот на австралиската полиција, Ентони Готви.
„Полицајката се соочи со напаѓачот…таа брзо тргна зад него за да го стигне. Тој се сврте кон неа и го подигна ножот. Таа употреби огнено оружје и таа личност сега е мртва“, рече тој, според Гардијан.
Според изјавата на сведокот, објавена од медиумите, припадничката на полицијата му рекла на напаѓачот да го фрли ножот, а кога тој не го сторил тоа, таа го застрелала директно во градите. Кук рече дека, врз основа на прелиминарната истрага, се чини дека напаѓачот дејствувал сам.
На прес-конференција, полицијата соопшти дека верува дека напаѓачот бил внатре во трговскиот центар, заминал и се вратил со нож пред да ги нападне жртвите. Кук рече дека неколку луѓе биле пренесени во болница.
Претходно, полициски извор изјави дека неколку лица се во критична состојба, објави Sydney Morning Herald. Меѓу повредените има и деветмесечно бебе.
Мотивот за нападот се уште не е познат, но засега не може да се исклучи можноста за терористички напад. Стотици луѓе се евакуирани од трговскиот центар во Сиднеј по извештаите за маж наводно вооружен со нож и пукање.
Австралиската полиција претходно соопшти дека еден маж бил застрелан по извештаите за повеќекратни прободувања во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источниот дел на Сиднеј.