Девојче убиено во престрелка во Америка: Две деца се во критична состојба, полицијата трага по напаѓачот
Осум лица беа застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во престрелка поврзана со ривалството на локалните банди на Саут Сајд во Чикаго, соопшти денеска полицијата.
Девојче беше застрелано во главата синоќа и им подлегна на повредите, додека едногодишно момче и седумгодишно момче беа застрелани повеќекратно и се во критична состојба, изјави заменик-началникот на полицијата во Чикаго, Дон Џером на брифинг за печатот одржан на местото на конфронтацијата на улицата 52 во јужната страна на градот.
„Полицијата одговорила на дојавата за пукање околу 21 часот, но кога пристигнала на местото, ги нашла само застреланите, меѓу кои покрај трите деца, имало и возрасни на возраст од 19 до 40 години“, соопшти локалната полиција.
Според Џером, истрагата се уште е во прелиминарна фаза, но очевидци рекле дека две лица пукале.
„Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалски банди. Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва се повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите“, изјави Џером.