Обилни дождови ги погодија Обединетите Арапски Емирати: Во Оман, бројот на загинати во поплавите се искачи на 18
Обилни дождови денеска ги погодија Обединетите Арапски Емирати, поплавувајќи делови од главните автопатишта, а на патиштата во Дубаи има многу напуштени возила.
Во меѓувреме, бројот на жртвите од поплавите во соседен Оман се искачи на 18, а повеќе луѓе се водат како исчезнати, пренесе АП.
Дождот почна да паѓа во текот на ноќта, оставајќи огромни барички на улиците бидејќи силните ветрови ги прекинаа летовите на меѓународниот аеродром во Дубаи.
Екипите на полицијата и итната помош полека возеле низ поплавените улици додека молњите се ширеа низ небото, повремено допирајќи го врвот на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот.
Училиштата низ ОАЕ беа главно затворени пред невремето, а владините службеници работеа од дома.
Многу работници, исто така, останаа дома, иако некои излегоа и беа принудени да ги напуштат возилата на сред пат.
Властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.
Дождот е невообичаен во ОАЕ, сушна земја на Арапскиот Полуостров, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци.
Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.