Свет

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.

„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.

Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со Општина

Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.

Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

Мијалкови градат хотел во Охрид, продадено е државно богстство, кој дал дозвола?, прашува „О2 Иницијатива“

На почеток