Свет

Украина ги нападна регионите Белгород, Ростов и Воронеж: Киев испрати ракети и беспилотни летала во Русија, има повредени

НАТО: Поддршката за Украина останува иста, без оглед на војната меѓу Израел и Хамас

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија два ракети Точка-У, 19 ракети Вампир, 5 мали балони и 20 беспилотни летала лансирани од Украина синоќа над регионите Белгород, Ростов и Воронеж, соопшти руското Министерство за одбрана.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, пријавил две полесни повреди во украинските напади во текот на ноќта, пренесува Интерфакс Русија.

Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гушев, соопшти дека едно лице е повредено при пад на беспилотно летало, а причинета е помала штета на некои згради, наведува агенцијата.

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев на својот канал Телеграм објави дека силите за воздушна одбрана уништиле три беспилотни летала во оваа област, а последиците од нападот се утврдуваат на терен, пренесува ТАСС.

На почеток