Иран: Укинати сите ограничувања за воздушниот сообраќај
Кога се појави веста за израелскиот напад врз Иран, бројни летови беа пренасочени во воздушниот простор, според сајтот за следење летови FlightRadar24.
„Флајдубаи“ најави и дека за денеска ќе ги откаже сите летови за Иран, а летот од Дубаи до Техеран е вратен. Иран сега известува дека укинатите се вратени и дека состојбата на аеродромите е вообичаена. Државната новинска агенција ИРНА објави дека се обновени летовите на меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран.
Во меѓувреме, иранската организација за цивилно воздухопловство соопшти дека се укинати ограничувањата што претходно беа во сила на неколку други аеродроми, објави полуофицијалната новинска агенција Тасним.
Претходно, државната телевизија Мехр објави дека се воведени ограничувања на аеродромите во Техеран, Исфахан, Шираз и на запад, северозапад и југозапад од земјата.