Избрани 12 поротници за судењето на Трамп
Судот во Њујорк утврди 12 поротници кои ќе му дадат последен збор за тужбите против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување на деловната документација во случај на тајни парични исплаќања, на суд во Менхетен.
Меѓу 12 -те поротници се наоѓаат седум мажи и пет жени, вели CBS News.
Изборот на поротници ќе продолжи денес, бидејќи е неопходно да се изберат уште шест резервни поротници пред да започне судењето.
„Имаме порота“, рече судијата Хуан Мерчан откако новите поротнци дале заклетва за „фер и непристрасно“ носење одлуки.
Мерчан рече дека судот е на вистинскиот пат да започне судење со воведни изјави од понеделник, 22 април.
Обвинението поднесено од обвинителот Алвин Браг, во 34 точки го обвинува Трамп за фалсификување на деловни документи. Ова прво обвинение за против американски претседател.
Обвинителството наведува дека Трамп фалсификувал документи, всушност, сакал да го прикрие влијанието врз изборната кампања во 2016 година, т.е. намалување на штетата што ќе резултира од откривање на наводни работи. Трамп ги негираше сите обвиненија и ги оцени како политички мотивирани.