Македонија

(Видео) Фирмата која направи милиони од државни тендери, сега го спрема митингот на ДУИ на скопскиот плоштад

Тетовската фирма „Арберија дизајн“, која доби многу државни тендери кои тежат милиони, сега работи на сценографија и озвучување на митингот на ДУИ во центарот на Скопје. Неколку брендирани комбиња и десетици работници се ангажирани за да го подготват теренот за вечерашниот митинг на Али Ахмети.

Потсетуваме дека во август минатата година, „Арбериа дизајн“, која со години добива тендери од државни институции предводени од ДУИ, била единствен понудувач на повикот за организирање настан за 22-годишнината од Рамковниот договор и доби нови сто илјади евра.

Само во средината на летниот период минатата година, „Арбериа дизајн“ доби четири тендери од државни институции предводени од кадрите на ДУИ – тендер на Комисијата за хартии од вредност каде претседателка е Нора Алити, поранешна пратеничка на ДУИ, тендер на Министерството за надворешни работи со кое раководи потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, тендер на Државна лотарија на чие чело е Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби и тендер на универзитетот Мајка Тереза.

„Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 година имала приходи од околу 195.000.000 денари или 3.200.000 евра. Од нив, околу 102.000.000 денари односно 1.660.000 евра биле чиста нето добивка.

На почеток