Коментари

Ковачки „удри“ по ДУИ и Села: Армијата ќе остане чувар на државата, а вие политички трговци!

„Ги следам објавите од штабот на Али Ахмети и од партијата на узурпаторот Зијадин Села. Запрепастен сум од безобразието со кое ДУИ и остатоците од АА удрија врз командната структура на АРМ. Со каква леснотија овие лешинари и губитници, без срам и без трошка совест, фрлаат кал и изнесуваат лаги врз луѓето кои цел живот ја носат униформата и се гарант на нашата безбедност. Во кое време живеете вие што ќе ве снема на следните избори? Така ли мислите да добивате политички поени, оцрнувајќи поединци дека биле русофили или србомани и што уште не? Додека целиот свет се наоѓа пред сериозен предизвик, вие – измеќарите на Ахмети одвнатре работите против сопствената држава!“, напиша пратеникот Драган Ковачки и додава:

Зарем толку сте безидејни и изгубени во вашите гнасни игри па морате да се служите со лаги и измислици? Кој ви даде право да го валкате угледот на овие луѓе? Генералите и офицерите по кои плукате со партиски соопштенија, не паднале од небо – тие со години, со децении, носеле униформа, се заколнале на верност на државата (за разлика од вас што гледате да ја разнебитите), биле на првите линии кога било најтешко! Да, за разлика од вас, кои цел живот ја продавате државата за ситни интереси! Јас, како нивен поранешен колега, не секогаш сум се согласувал со сите одлуки, сме имале различни гледишта по некои прашања.

Но едно знам – нивниот професионализам, нивната лојалност и нивната жртва за Македонија никогаш не биле доведени во прашање! И токму тие генерали што ги напаѓате (не се генерали од вчера) беа и понижени согласно одлуки на тогашното раководство на МО и на тогашниот потстанар во вилата на Водно Пендаровски. ДУИ и остатокот од Алијанса, вие сте изгубени во време и простор! Вие сакате армијата да ја вовлечете во вашата партиска кал, сакате да ја делите по етнички линки како што делевте институции, фирми, тендери… Ама армијата не ви е политичка играчка! Ова е македонска армија! Овие луѓе се патриоти, професионалци, браници на оваа земја! Не играат по партиски ноти, не ви се плашат, не клечат пред вас! И затоа ви пречат! За крај – колку и да се обидувате да ги валкате, народот не е слеп! Армијата била и ќе остане чувар на државата! А вие, политички трговци, ќе останете само фуснота во историјата на почетоците на македонската демократија во која секој можел да кажува секакви лаги и да остане неказнет. За крај, до загрижените од ДУИ и остатокот од Алијанса: овие генерали можеби и имаат учено во поранешна ЈНА и Србија. Таков бил системот. Но истите се вратиле во Македонија кога требало. Неисе – ете уште година – две ќе одат во старосна пензија. Туку што правиме со Талат Џафери кој исто така има учено во ЈНА и Србија (србоман и русофил ли е?) да не е и тој некој ,,скриен агент”?

На почеток