Свет

На Тик-Ток му се заканува клуч во САД

Во Црна Гора покрената петиција за забрана на Тик-ток: „Има лош ефект врз децата и младите“

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со 360 гласа за и 58 против усвои Закон со кој се забранува популарната социјална платформа ТикТок.

Услов за ова е доколку нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајтденс“ не го продаде своето право на работа на американскиот пазар во рок од девет месеци.

Платформата, која е многу раширена има околу 170 милиони корисници во САД.

Американските безбедносни служби ја сметаат за ризик за националната безбедност.

Во усвоениот закон се вели дека „Бајтденс“ мора да најде купувач во рок од 270 дена, или платформата ќе биде забранета, а Белата куќа има можност да го продолжи тој рок за уште 90 дена, доколку претседателот Џо Бајден утврди дека има напредок во продажбата.

Инаку не успеа силното лонирање на Кинеската компанија да го спречи усвојувањето на законот.

Според нив Законот ги крши правата на корисниците од Првиот амандман и ги загрозува малите бизниси.

Жално е што Претставничкиот дом поддржува закон кој би ги погазил правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци, ќе уништи седум милиони бизниси и ќе затвори платформа која придонесува 24 милијарди долари годишно за американската економија“, соопшти компанијата на социјалната мрежа Х (Твитер).

На почеток