(Видео) Бујар сака да биде претседател на цела Македонија, а без ниту едно македонско знаме држи митинг на сред плоштад во Скопје
Од
Објавено на
Куп албански знамиња, но и знамиња на УЧК, на скопскиот плоштад каде митинг има ДУИ за да го промовира Бујар Османи за претседател.
Но, ниту едно македонско знаме за кандидатурата на Османи за македонски претседател. Продолжи праксата за непочитување на Македонија, каде Османи сака да стане прв човек.
На митингот има и знамиња на Америка, но никој од присутните не понесе државно знаме. Се веат и знамиња од Турција, како и знамиња на Европската Унија.
Плоштадот е полн, а ова е финален митинг, за промоција на Османи. Ќе говори и Али Ахмети.