Македонија

(Видео) Хаотична дебата на кандидатите за претседател: Непознати правила, Ванковска наречена „девица“, караница за време

Дебатата на седумте кандидати за претседател беше долгоочекувана, но според она што се гледа, но и коментира од граѓаните, е хаотична и без концепт. И кандидатите се во недоумица дали да дискутираат, дали реплицираат и кому реплицираат. Но врв на невкусот и недолично за Јавниот сервис е желбата на водителот да биде интересен. Сакајќи да ја претстави кандидатката Билјана Ванковска тој рече: „Стигнувам до политичката девица на овие избори. Зад себе има само професионална професорска кариера”.

Освен што ова звучи непристојно, водителот заборавил дека Ванковска имаше желба да влезе во политиката и тоа како претседателски кандидат, но не успеа да собере 10.000 потписи.

Потоа, збунетост имаше и кај претседателските кандидати.

Водителот кажа дека времето истече, па Силјановска-Давкова рече: „А за сите морам јас?“, а водителот рече: „Во 30 секунди требаше да реплицирате, толку е. Има можност повторно за реплики“.

Дојде на ред Стево Пендаровски, кој се збуни.

„Чекај не знам, во однос на што беше контра репликата? Не знам, јас одговорив..“, рече Пендаровски, а Османи се нашали: „Можам јас да ја искористам“. Па потоа Максим Димитриевски ги објаснуваше правилата: „Контра реплика 30 секунди“..

Силјановска-Давкова посочи дека не ѝ одговорила на Ванковска, а водителот наместо да даде простор за одговор, кажа дека правилата се такви што сите поминале на редот.

„Сите поминавте, толку е, затоа реков, внимателно, запишувам“, рече водителот, па потоа, Димитриевски пак дообјаснуваше правила.

Потоа, Ванковска кажа дека дебатата нема поента. А имаше и реакции за времето..

На почеток