Свет

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца; Полицијата: Ги бркаше децата низ куќата

Полицијата во САД верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа и пукал повеќе пати. После тоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата, пукал и ги убил.

„Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас. Ги бркаше децата низ куќата“, соопшти полицијата, а пренесува ABC News.

Целиот страшен настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. 10-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено.

На почеток