Македонија

ОБСЕ/ОДИХР, со 200 набљудувачи ги следат изборите, првични наоди најавија за утре

Околу 200 набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР се распоредени на избирачките места во целата држава. Тие внимателно го мониторираат текот на гласањето на денешниот прв круг од седмите претседателски избори.

Ова денеска го изјави Џилијан Стирк, шефица на меѓународната мисија за набљудување на изборите.

Тие и досега ја оценуваа законската рамка, работата на изборната администрација, финансирањето на кампањата и улогата и однесувањето на медиумите.

,, Ова утро имав можност да посетам две избирачки места и досега имаме добар почеток на денот. Секако, ова се само две избирачки места од многуте низ целата земја и на крајот на денот ќе ги собереме сите наши податоци за да направиме целосна проценка за тоа како се одвивал целиот процес“, рече Стирк.

Првичните сознанија и оценки мисијата ќе ги соопшти утре.

На почеток