Македонија

(Видео) За брзо ќе дојде вистината за 27 април, најави Јане Ченто од затворот во Штип

Осудениот за „27 април“, Јане Ченто, од затворот во Штип каде издржува долгогодишна затворска казна порача дека наскоро ќе се дознае вистината за случајот. Тој славеше за победата на Гордана Силјановска-Давкова во првиот круг.

„Ќе ги скршиме канџите за неправдата од 27 април, кога и да е, за брзо и да е. Има многу што да кажеме. Седум години ве лажеа сите, имаме многу што да кажеме. 7 години СДС тераа лажна пропаганда, за брзо ќе дојде вистината.

Сонцето на слободата изгрева. Седум години под окупација, седум години лаги и пропаганда. Седум години лаги, за брзо време ќе ја чуеме сите вистината за 27 април“, кажа Ченто.

На почеток