Македонија

Се поплави Токсикологија: Вода од трети течела до први кат

Пукната цевка го поплавила третиот кат во Клиниката за токсикологија, а водата течела и по долните катови. Ова се случило синоќа и било интервенирано, а информации за штетата нема. Неофицијално, од извори во Клиниката, се вели дека водата течела половина час. Станува збор за пукната цевка од парно.

За ваква несреќа пред неколку дена предупредил вработен на Клиниката за токсикологија, кој преку допис упатен до медиумот предупредил дека Клиниката за токсикологија не е осигурана. Според информациите на медиумот, медицинскиот директор д-р Данил Петровски се потпишал на клиниката да биде осигурана, но економскиот директор Бесија Иљази не го дала обврзувачкиот потпис за решението, па клиниката не е осигурана.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапа медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д. месеци, иако за тоа сме обврзани со закон“, се вели во реакцијата на вработените во Токсикологија.

Пукнатата цевка од парно била во административни простории, а водата течела се до првиот кат.

На почеток