Скопје

ФОТО: Се обновува љубовта помеѓу Лиле Поповска и ВМРО-ДПМНЕ

Старите коалициони партнери од 2006 година, Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ и Лилјана Попоска од ДОМ во срдечен разговор на улица во Скопје. Објективот на Скопје1 ги улови во центарот на Скопје во близина на Рекорд. Подолго време разговраа, очигледно за политика.

Потсетуваме дека Лилјана Попоска беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ додека партијата беше на Власт, по што во 2018 февруари месец Попоска кажа дека Груевски ја уценувал за да остане во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Сега Попоска е дел од владината коалиција.

После многу критики кои Попоска ги упатуваше кон ВМРО ДПМНЕ, ова е прв пат како ги затекнуваме повторно некогашните коалициони партнери да разговраат и тоа долго на улица.

Се наметнува прашањето: Дали оваа средба значи дека се обновуваат врските помеѓу Попоска и ВМРО ДПМНЕ?

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток