Свет

Продолжуваат немирите на американските колеџи: Нови апсења за антивоени демонстрации во Газа

За време на протестот против војната во Газа на Универзитетот во Индијана, уапсени се 23 студенти, соопшти полицијата.

Слични протести и судири меѓу демонстрантите и полицијата траат веќе неколку недели на американските колеџи. За време на вчерашниот протест, бидејќи демонстрантите не ги тргнаа шаторите во кампусот, полицијата ги уапси демонстрантите под обвинение за криминално попречување и давање отпор при апсење, пренесува Ројтерс.

Државната полиција на Масачусетс во саботата соопшти дека 102 демонстранти во кампусот на Универзитетот Нортвестерн во Бостон одбиле да се разотидат и биле уапсени и ќе бидат обвинети за прекршување и непристојно однесување. Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за создавање работна група за истрага на раководството на администрацијата која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што доведе до судири и повеќе од 100 апсења.

Студентите ширум САД бараат да се стави крај на, како што тврдат, геноцид врз палестинскиот народ во Газа, а исто така ги повикуваат универзитетите да ги прекинат финансиските врски со Израел и компаниите кои ги овозможуваат операциите на Израел во Појасот Газа, според Ројтерс.

На почеток