Македонија

Турција дала одобрение за естрадиција на Палчо

Министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи објави дека е добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо. Но, се уште, точен датум за екстрадиција – нема. Тој се сомничи како планер и реализатор на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.

Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, објави Лога.

На почеток