Македонија

Нема рок, но екстрадицијата на Палчо ќе биде во најкратко време, најави и Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, посочи дека ја добиле информацијата дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој кажа дека македонските полицајци се во комуникација со турските колеги.

„Нема рок, но екстрадицијата ќе биде во најкратко време, откако ќе бидат подготвени соодветни ресурси од двете страни“, кажа Тошковски.

Турција денеска посочи дека ја одобрила екстрадицијата на Палевски.

На почеток