Македонија

Коалицискиот партнер на Ахмети дојде да ми каже дека на Али му треба медицинска нега, па му отиде во прегратки, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека народот испратил јасна насока дека Гордана Силјановска-Давкова има 20 проценти повеќе гласови од гласовите кои ги имаат Бујар Османи и Стево Пендаровски. Посочи дека се очекува историска победа на парламентарните избори и уште поголема разлика во вториот круг во полза на Силјановска.

„Претседателот на турската партија, пред да заврши во прегратките на Али Ахмети, дојде кај мене и ми рече дека доаѓа од средба на Ахмети и рече: „на тој човек му треба медицинска нега, тој е ваков-таков“, почна да го навредува и да користи недолични зборови. Си реков дека ако овој човек кој 6,5 години е во коалиција со Али Ахмети, зборува вака за него, можам да замислам што би зборувал за мене. Му се заблагодарив, го испратив и никогаш не му се јавив. Следниот ден, прочитав дека отишол во прегратките на тој за кого викаше дека му треба медициснка нега“, додаде Мицковски.

На почеток