Македонија

(Видео) Спасовски не отфрла коалиција со ДУИ, иако знае дека граѓаните им замеруваат – го осуди скандирањето „УЧК, УЧК“

Оливер Спасовски, носител на ИЕ2 во подкастот „Претрес со Ландов“ посочи дека не офрла можност за коалиција со ДУИ, иако напомена дека имаат замерка од граѓаните што пак влијаело и на изборниот резултат.

„Во политиката секогаш треба да се седне да се разговара. Не смеете однапред да ги отфрлите сите работи. Треба да се разговара со секој еден“, рече Спасовски.

Посочи дека граѓаните треба да се послушаат, ако замераваат на таква коалиција, па додаде: „ако ги гледаме кои се проблемите, ќе треба да се сменат одредени принципи и да се носат одлуки“.

Спасовски, прашан за коментар за скандирањето „УЧК, УЧК“ среде скопскиот плоштад рече: „Апсолутно сум против тоа, апсолутно сметам дека е непотребно дека иритирачки, дека за тоа ништо не се добива. Го осудувам тој начин на комуникација“.

На почеток