Македонија

Пак ќе биде со пунктови за поминување: Се одбележува 121 годишнина од смртта на Гоце Делчев

Владата на Република Македонија, на 04.05.2024 година (сабота), ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев со положување свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата „Св.Спас“,Скопје.

„По тој повод, во 10:30 часот, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата на Република Северна Македонија, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија.

Поради безбедносни протоколи, потребно е медиумските екипи да се пристигнати на еден од двата пункта за контрола од страна на МВР најдоцна до 09:30 часот (едниот на крстосницата кај „Меморијалниот центар на холокаустот“ или другиот кај Мустафа-пашината џамија) и од таму пешки треба да се упатат кон црквата „Св. Спас““, велат од Влада.

На почеток