Македонија

Уапсен бегалецот, кондовецот Агим Крсничи во Урошевац

Кондовецот Агим Крсничи, бегалец од штипскиот затвор, е уапсен во Урошевац, дознава „Скопје1“ од свои извори. Според информации на нашата редакција, тој бил уапсен откако учествувал во кривично-правен настан. Освен него, во рацете на тамошната полиција „паднале“ уште двајца бегалци од македонската права. Крсничи четири години е во бегство откако беше на слободен викенд, по кој, никогаш не се врати.

Тој беше во затвор од 2008 година, каде отслужуваше 15 години затвор. Одлежа 12 години, а му остануваат уште 3 години. Осуден е за нерегуларности и предизвикување на неправилности на избори, злосторничко здружување, неовластено поседување оружје и други дела. Крсничи е познат и како водач на кондовската група, која ја сочинуваа седум членови.

Засега ништо не навестува за негова екстрадиција. Одреден му е 48 часовен притвор, заедно со останатите уапсени. За нивна екстрадиција е рано да се одлучува, бидејќи прво треба да одговараат за делата кои таму ги сториле.

На почеток