Македонија

Уапсен малолетник, но и скопјани во Карпош, Аеродром, Бит Пазар

На 06.05.2024 во 00.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Н.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05,05.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Ј.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 15.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 17.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ш.Б.(32) од Косово, со живеалиште во с.Инџиково, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На почеток