Даоаѓа невреме: дожд, грмежи, ветер
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/04/277468956_964835740838563_2359101997731838525_n.jpeg)
Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворенh простор и под осамени дрвја.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)