Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2019/09/vlado-misajlovski.jpg)
„Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 и додава:
Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.
Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.
Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.
Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)