Македонија

Излезност до 11 часот: 13,69 отсто гласале за пратеници, 12,87 проценти за претседател

Одзивот на гласачите за парламентарните избори е 13,69 отсто до 11 часот, а за претседателските е 12,87 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на втората денешна прес-конференција.
Како што кажаа од ДИК, најголема излезност за претседателските избори има во општина Пробиштип (27,85%), а најмала во општина Липково (1,76%). За парламентарните избори, најголем е одзивот во општина Кривогаштани (28,38%), а најмала во општината Врапчиште (5,2%).
„Може да се забележи дека во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале на претседателските, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок“, рече на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Споредено со Парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезноста од 2,69 проценти на овие избори.

На почеток